евакуира
евакуираат; евакуирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 16063
1.
Пресели, преселува, пренесе, пренесува луѓе и други работи од местото што се напушта на друго место.
Примери:
Екипите ги евакуираа жените и децата од градот во околните села.
Печатарските работници ги евакуираа машините.
2.
(се евакуира) се пресели, се преселува
Примери:
По земјотресот се евакуиравме на село.
Слично со:
пресели (св.)
Изведенки
евакуирање ср.
глаг. им.
глаг. им.